Категории

Јануари не е најдобриот месец за нови одлуки, еве кога е најдобро време за промени

Иако многу луѓе мислат дека во Новата година ќе биде попаметно да ги променат своите животни цели, експертите не се согласуваат

Почетокот на годината обично е време за одлуки, па многу луѓе во јануари се одлучуваат за промени. Меѓутоа, голем број од нив брзо се откажуваат.

Многу психолози велат дека подобро е одлуките да се носат во пролет, отколку во јануари, бидејќи пролетта со себе носи подобро расположение, за разлика од студениот и депресивен јануари.

Можеби треба да заборавиме дека 1 јануари е најдобро време за донесување одлуки. Можеби ова е најтешкиот месец во годината за промени, бидејќи студеното време го отежнува постигнувањето на посакуваните цели.

Исто така се смета дека „падот“ на расположението што се случува после празниците не е добар за промени. Ова може да значи помалку мотивација за нови одлуки.

Честопати потценуваме колку сончевата светлина може да влијае врз нас. Првите денови во јануари се најкратки во годината. Знаеме дека сончевата светлина, кога влегува во визуелниот систем, активира нервни кола поврзани со многу психолошки состојби. Некои луѓе наутро уште во мрак излегуваат од дома одејќи на работа и кога се враќаат повторно е темно. Ограничувањето на сончевата светлина може да влијае на нашата целокупна благосостојба и нивото на енергија.

Само треба да се сетиме што сé работи против нас во тој период од годината. Нема ништо лошо да почекаме неколку месеци кога околностите се подобри и поповолни за донесување на важни одлуки.

Прегледи:
467
Објавено на:
06.01.2022