Категории

Јапонска мудрост: „Претераната искреност често се граничи со глупост“

Древни јапонски мудрости кои ја откриваат длабочината на човековата душа

-Ако проблемот може да се реши, тогаш нема потреба да се грижиме за него. Ако не може да се реши, тогаш бескорисно е да се грижиме за него.

-Кога добро ќе размислите, почнете да делувате. Кога ќе почнете да делувате, престанете да мислите.

-Не го задржувај она кое што заминува, не го бркај она кое што доаѓа.

-Да се оди брзо значи да се оди бавно без прекини.

-Подобро да бидеш непријател на добра личност, отколку пријател на лоша.

-Односот на мажот и жената треба да биде како односот на раката и очите: Кога рацете болат, очите плачат, а кога очите плачат, рацете ги пришат солзите.

-Жабата во нунарот не знае за големината на небото.

-Долгото патување секогаш започнува со едно кратко.

-Дури и да ни затреба само еднаш во животот, меч секогаш треба да се носи.

-Убавите цветови не даваат добро овошје.

-Тагата треба да ја оставите дома, како скинат фустан.

-Никој никогаш не се сопнал лежејќи во кревет.

-Еден љубезен збор може да те грее во текот на три месеци зима.

-Секогаш тргај им се од патот на будалите и лудаците.

-Седум пати провери пред да почнеш да обвинуваш некого.

-Направи се што можеш, другото препушти и го на судбината.

-Богатството секогаш ќе дојде во куќата полна со смеа.

-Земјата секогаш станува потврда после дождот.

-Најдлабоките реки течат тивко.

Прегледи:
723
Објавено на:
28.12.2019