Како да дознаете дали вашиот партнер ве изневерува?
Поранешната ескорт дама од Велика Британија, 46-годишната Аманда Гоф, открива според нејзиното искуство кои се алармантните знаци дека нешто не е во ред.
Аманда ги сподели во подкастот Not Here To Make Friends, клучните знаци кои докажуваат дека партнерот ве изневерува.
„Ако партнерот доаѓа дома со мокра коса, тоа значи дека се туширал некаде на друго место.“
„Ако мислите дека карантинот може да спречи афера, не сте во право“, вели таа.
„Мажите изневеруваат и во текот на карантинот, дефинитивно. Тие секогаш ќе пронајдат начин. Не е важно колку се затрупани со работа, колку време поминуваат во канцеларија, тие ќе пронајдат начин.“ вели Аманда.
„Ќе го направат тоа било како, макар во 10 минути на пат од работа до дома.“
Таа открива уште еден алармантен знак.
„Кога ќе станат баш против изневерувањето, кога одеднаш ќе почнат да ги осудуваат луѓето кои некогаш изневериле, тоа е добар знак дека и самите изневеруваат.“, објаснува.