(ВИДЕО) Кога ќе почнете да вежбате и да ја менувате исхраната, обично најтешко е да се ослободите од масните наслаги од долниот дел на стомакот. Многу луѓе кои сакаат рамен стомак се соочуваат со овој предизвик, а покрај исцрпувачките кардио вежби и стомачни, може да ви помогне и јогата.
Јогата е одлична за здравје и за добро чувство, но може и да ја подобри кондицијата и да го забрза согорувањето на масните наслаги. Потребни ви се само 10 минути дневно и можете да ги видите резултатите, а првиот позитивен ефект ќе биде подоброто расположение и чувството дека сте направиле нешто добро за себе.
Подолу е видео со вежби во траење од 10 минути. Половина од обуката вклучува асани во стоечка положба, а другата половина во лежечка положба. Тренингот можете лесно да го правите дома, без дополнителна опрема. Се што ви треба е подлога за јога.