Категории

Јогата како водич за Вашето тело

Јогата е практична вежба којашто потекнува од Индија од пред многу години.

Истата е комбинација од физички вежби, техники за дишење, медитација и вежби за смирување на умот, телото и духот.

Јогата е богата со придобивки како што се:

  • Намалување на стресот: Јогата го смирува умот, ја намалува анксиозноста и Ве води кон релаксација.
  • Физички подобро тело: Јогата ја зголемува Вашата сила, флексибилност и рамнотежа.
  • Подобар фокус: Комбинацијата на физички вежби и техники за дишење помага во подобрување на Вашата концентрација, когнитивната функција и меморијата.
  • Подобро спиење: Со намалувањето на стресот, јогата го подготвува Вашето тело за квалитетен сон.
  • Енергија: Комбинирајќи ги сите техники, јогата придонесува за да Вашето тело биде полно со енергија.
Прегледи:
318
Објавено на:
22.06.2023