Категории

Каде е границата помеѓу силната желба за секс и зависноста од него?

Да се има активен сексуален живот е нормално и природно, но како да знаеме дека не сме ја преминале границата на опсесија?

Некои од показателите се премногу честа мастурбација, како и употреба на порнографија, егзибиционизам, воајеризам, екстремен секс и неуспех во контролирањето на сексуалните импулси.

Границата помеѓу вообичаениот сексуален нагон и зависноста од секс за некои луѓе можеби е нејасна, но во суштина станува збор за две потполно различни нешта. Додека едната е природна и здрава емоција, другата може штетно да влијае врз вашето ментално и физичко здравје.

Според студијата под наслов „Разбирање и управување со сексуалното однесување“, зависноста од сексот е слична со пореметувањето при употреба на супстанци, пореметувањето на расположението или пореметување на контролата на импулсите. Исто така е можно личноста да не е свесна за својот проблем, особено поради нејасната дефиниција. Иако тој поим постои, во медицинските кругови недостасува соодветна дефиниција.

Докторката Челси Ренолдс, асистентка која истражува и предава сексуална комуникација на Калифорнискиот државен универзитет, вели дека оваа зависност иако не се препознава како медицинско пореметување, се опишува низ поимот хиперсексуалност.

Клучните симптоми вклуќуваат неспособност да се контролира полниот однос во онаа мера кога би можело да биде штетна за било која од вклучените страни. Др. Ренолдс напоменува и дека уживањето во необични фетиши кои се честопати стигматизирани не мора да укажува на зависност од секс.

Останатите знаци вклучуваат постојано размислување за секс (до нездраво ниво), како и користење секс за да се избегне соочувањето со другите емоции. Во овој случај, сексот станува „дрога“ по која личноста постојано трага.