Категории

„Како да ги препознаеш вистинските пријатели“ – Приказна со длабока поука

Еден ден младичот решил да се ожени. Својата одлука најпрво му ја доверил на својот татко.
Го праша следново: Тато, ова е список на сите мои пријатели. Би сакал да ги поканиш на свадба. Таткото со задоволство прифати. „Секако дека ќе ги повикам сине“ – рече таткото.

На денот на венчавката, младоженецот станал многу нервозен и нетрпелив кога виде дека се појавуваат многу малку луѓе.

„Зарем не те замолив да ги поканиш сите мои пријатели?“ – куто го праша татко му. „Зошто се согласивте, ако не сакавте да ја исполните мојата желба?“

„Да, им се јавив“ – одговори таткото.

„Но, на списокот имаше 50 имиња, и тука гледам само 15 од нив“ – младоженецот беше изнервиран.

„Сине“, започна таткото – „Ги повикав сите што беа на списокот. Ги поканив сите 50 луѓе. На секој од нив им реков дека си во неволја и дека итно ти треба помош. Ги замолив сите да дојдат овде на овој ден, токму во тоа време. Затоа, не грижи се, мил сине, сите твои пријатели се тука!“