Категории

Како да ги воспитате децата пред да бидат премногу разгалени?

Родителите се огледало на децата, затоа е многу важно како ќе се поставите за да подоцна не видите непосакувана рефлексија.

Кои чекори се од огромно значење и треба да ги преземете во најбрз можен рок пред децата да Ви „избегаат од рака?“

  • Објаснете им на децата што е прифатливо, а што неприфатливо однесување.
  • Научете ги да изразуваат благодарност.
  • Поставете граници на нештата и јасно објансете им зошто ги поставувате ограничувањата.
  • Она што им го објаснувате истото и Вие правете го, инаку сѐ е залудно.
  • Научете ги да изразуваат емпатија и објаснете им како нивните однесувања можат да влијаат на другите.
  • Научете ги да не се фокусираат само на материјалните нешта бидејќи истите можат да ги донесат само во незгодни ситуации.
  • Научете ги што значи да се биде пристоен човек.
  • Поминувајте повеќе време со нив, обрнете им внимание и разговарајте отворено.
Прегледи:
211
Објавено на:
08.12.2023