Категории

Како да го направите поемотивен во љубовта и покреативен во сексот?

Спор во покажувањето емоции, но брз во креветот, тоа и не е баш најсреќната комбинација за било која девојка. Дури и да ви изгледа невозможно сепак можете да го забрзате процесот на истиснување на бившата од неговите мисли, да влијаете на неговите лоши навики и да го поттикнете да биде подобар во креветот.

Еве како да го натерате да…

… да се заљуби во вас

Наместо тој стандарден состанок со вечера, изберете нешто со сериозен фактор за страв. Студиите покажаа дека ставањето на мажот во ранлива позиција инстантно ќе го направи состанокот поатрактивен, а надминувањето на стресна ситуација ќе ве зближи.

Започнете со некој хорор филм или лизгање на мраз. Исто така важен е и неговиот оргазам, размрдувањето на тестостеронот ќе ги размрда и т.н. поврзувачки љубовни хормони.

… да биде пороманичен

Купете му го цедето од омилениот бенд дента штом ќе излезе. Потоа предложете му игра еднаш вие да организирате состанок, еднаш тој. Испланирајте до совршенство, а штом ќе му го разгорите неговиот натпреварувачки дух, тој ќе вложи се за неговата организирана вечер да биде подобра од вашата.

… да ја заборави бившата

Студиите покажаа дека потребни се барем 10 недели за луѓето да започнат да чувствуваат многу помалку стрес околу раскинувањето, па ако вашето ново момче е тазе излезено од врска дадете му барем 3 месеци период без притисок.

Исто така местата, луѓето и активностите поврзани со бившата само ги поттикнуваат спомените, па избегнувајте ги и создадете нови рутини. Не му дозволувајте да ве носи во истиот бар како и бившата, запознајте го со вашите пријатели и покажете му ново кул хоби.

… да биде побавен во сексот

Кога се жалиме дека сексот траел прекратко обично сме ние виновни затоа што очекуваме дивото темпо да трае 90 минути. Ако ги поминете сите негови ерогени зони и ги употребите вашите најефикасни трикови одите по скратен пат и најверојатно на крајот ќе останете незадоволена.

Затоа кога орално ќе го задоволувате правете го тоа многу побавно и понежно од вообичаено, тој ќе биде изненаден, а ќе сочува и многу повеќе енергија за подоцна.

…  да биде покреативен во сексот

Многу мажи се толку концентрирани да го пронајдат клиторисот што нивните јазици никогаш не се помрднуваат од таму. Но ние имаме нервни завршетоци и околу, па не дозволувајте му да ги запостави.

Наместо да му кажувате да оди лево, вие мрднете се десно или подигнете ги колковите за да контролирате каде оди неговата уста. Тој ќе го обожава фактот што и вие учествувате и никогаш нема да погоди зошто.

… да употребува секс играчки

Порано секс играчките беа женска тајна, но сега слободно можете да го вовлечете и него во играта. Потребно е да бидете екстра внимателни бидејќи како што за вас закана се порно филмовите, за него се секс играчките. Дадете му на знаење дека вибраторот е само зачин на вашиот сексуален живот, а не негова замена – велат експертите.

Покажете му како со вибраторот да ви го стимулира клиторисот, а по принципот што ве учеше мајка ви да ги делите играчките, поминете и по неговите брадавици и внатрешната страна на бутините со вибраторот.

Сите негови ерогени зони ќе бидат стимулирани и тој ќе се заинтересира за нешто за кое до пред малку мислел дека е строго женска играчка, па ентузијастично ќе скокне во авантурата да го користи на вас.

Прегледи:
399
Објавено на:
30.09.2016