Категории

Како да ја негувате божиќната ѕвезда да трае цела година?

Божиќната ѕвезда ги краси нашите домови за време на празниците, но кога ќе паднат црвените цветови најчесто завршува во кантата за отпадоци. Но, тоа може да се спречи.

Божиќната ѕвезда (Euphorbia pulcherrima) е краткотрајна и бара посебна нега за да биде раскшна подолг период. Но, најчесто ја купуваме пред Новата година, како кога купуваме елка. Кога ќе почне да ги губи црвените цветови (или белите што се во последно време многу популарни) веќе не е атрактивна, па најчесто губиме интерес да продолжиме со негата на тоа цвеќе.

Нега

Ова цвеќе се чува во полуладни, влажни простории со индиректна светлина. Грешката која сите ја правиме е тоа што го ставаме цвеќето во загреана просторија во која и воздухот е сув. Може да го полевате секој ден, но внимавајте да „не пливаат“ во вода, бидејќи така коренот може да скапе.

 

Како да се грижите за него по празниците?

На пролет вратете ја билката на сонце и повторно започнете да ја полевате редовно. Исечете ги сите гранчиња на должина од 15 цм. Не би било лошо, летно време да ја преместите во градина доколку имате такви услови. Откако ќе израсне до 25 цм, сечете ги врвовите еднаш месечно, на тој начин ќе поттикнете разгранување. Кога ќе дојде есен, внесете ја повторно внатре. Важно е да поминува по 12 часа во мрак, а преку ден да апсорбира сончева светлина. Всушност тоа е условот за да почне да цвета на почетокот на зимата.

Сега кога знаете како правилно се негува, не ја фрлајте по Божиќ, туку чувајте ја на овој начин и секоја година повторно ќе процветува.

Прегледи:
2170
Објавено на:
21.12.2017