Категории

Како да направите убава даска за пеглање

Оние секојдневни, здодевни обврски, како пеглањето, едноставно полесно се прават со убава даска за пеглање.  Погледнете ги инструкциите како сами да ја освежите старата.

Потребно

  • Околу 1.5 м 100% памучна ткаенина– во зависност од големината на вашата даска (исто толку   огноотпорен , изолационен материјал)
  • Околу 4м ластик со широчина 25мм
  • Креда
  • Игли
  • Машина за шиење или игла
  • Соодветен конец

Чекори

1) Постелете ја вашата ткаенина со задната страна свртена кон вас, и ставете ја даската за пеглање на врвот.  Исцртајте околу неа  со креда , додавајки  7,5цм екстра, а потоа сечете.

2) Повторете го истото со изолациониот материјал.

3) Поставете го  изолациониот материјал одозгора, на задната страна на материјалот, споете го со иглички, а потоа сошијте ги двата заедно.

4) Сошијте го ластикот околу работ на ткаенината , при што изолациониот материјал се става во  “сендвич” со декоративната памучна ткаенина.

Оваа статија е преземена од Interior.mk -магазин кој се фокусира на трендови од областа на дизајнот, животниот стил и инспирација за уредување на Вашиот дом.

Прегледи:
698
Објавено на:
17.04.2016