Категории

Како да се справите со прекумерното потење

Прекумерното потење и непријатниот мирис можат да бидат голем проблем. Освен тоа што ги одбива луѓето од вашето опкружување, исто така предизвикува непријатни коментари и ситуации но влијае и врз самодовербата.

Научниците вложија многу труд да пронајдат вистинско решение и да осмислат формула која би го решила проблемот на хиперхидроза или како што едноставно ја нарекуваме – прекумерно потење.

Тие советуваат намалување на стресот и практикување на вежби за смирување и медитација.
Одржувањето на хигиената е исклучително важен чекор, тие советуваат редовно туширање дури и до два пати дневно и носење на облека од природни памучни материјали и материјали кои се лесни и пријатни на кожата и ја оставаат да дише.
Лекарите советуваат да се избегнува конзумирање на зачинета храна, како и кромид и лук кои можат да придонесат потта да има непријатна миризба.

Употребата на дезодоранс и спреј специјално наменет за ваков проблем е неопходна, консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ви помогне да го изберете вистинскиот препарат, употребувајте повеќе пати во денот.
За стапалата користете специјална пудра за обувки и избегнувајте да носите ист пар подолго од еден два дена со ред.

Прегледи:
371
Објавено на:
23.09.2019