Категории

Како да заспиете подобро и да се разбудите наспани

sleep_tranquil_blog_blank

Несоницата е вообичаен проблем кој не треба да ве загрижува, но доколку се појавува често, треба да размислите за нејзините причинители. Решението може да биде сосема едноставно. Речиси 40% од вас признаваат дека наутро се будите исцрпено . Од денес не мора да биде така! За утрото да го дочекате весели, еве неколку совети.

Доколку на секоја минутка проверувате колку е часот за да утврдите во кој дел од ноќта сте, само ќе го зголемите стресот бидејќи гледањето на часовникот го стимулира мозокот, заради што ќе ви биде уште потешко да заспиете. Доколку не можете да се воздржите, преместете го часовникот надвор од собата.

Покрај тоа, светлината која се шири од електронските часовници му пречи на вашиот биолошки часовник. Сите извори на вештачка светлина треба да ги отстраните од вашата спална соба. Кога ќе легнете в кревет, изгаснете го светлото во спалната соба, но и затворете ги завесите или спуштете ги ролетните.

Исто така, за да имате добар сон, вечерата треба да е составена од лесна храна, богата со мелатонин, кој можете да го најдете во мисиркино месо, банани, цреши, ореви, грозје, па дури и млеко. Понекогаш е доволно да испиете чаша топло млеко, меѓутоа треба да имате во предвид, дека вечерата треба да биде најмалку два часа пред легнувањето.how-to-get-good-sleep

Стишете ги што е можно повеќе сите звуци што може да ви пречат и да ве разбудат (особено оние за време на фазите помеѓу циклусите на спиење). Добро би било да имате дупли прозорци, што ќе ја апсорбираат бучавата.

Околу 75 проценти од луѓето изјавуваат дека подобро спијат кога постелнината им е чиста и им мириса свежо. Доколку ги перете чаршафите со омекнувач со мирис на лаванда или пак во близината на креветот ставите миризливо перниче, полесно ќе заспиете.

Воведете физичка активност во дневниот распоред. Редовната физичка активност го подобрува квалитетот на сонот и помага бргу да заспиеме. Сепак, избегнувајте тренинзи кои се одвиваат непосредно пред да отидете во кревет бидејќи ќе имате преголем прилив на енергија што може да ве разбуди.

Стоплете се! -Или разладете се, зависи што бара вашето тело. Топлината ги релаксира мускулите и ја зголемува температурата во мозокот (“термостат” на организмот), а тоа се двата фактори од кои подобро се спие. Направете ја собата идеална за спиење. Тоа значи просторијата да е проветрена, не премногу топла, мрачна и тивка. Квалитетот на душекот и перницата исто така имаат големо влијание на квалитетот на сонот.

BeautifulGirlSleepsInBedroom-850x400

 

Прегледи:
541
Објавено на:
18.06.2016