Категории

Како да знаете дека е вистинско време да се стави крај на врската?

Понекогаш, дури и кога ќе сфатиме дека на врската и е дојден крајот, се лажеме себе си дека тоа е само фаза која ќе помине. Но, што ако таа фаза не помине? Како да знаете кога е вистинско време да го прекинете односот?

Еден од првите знаци за нездрава врска е кога ќе забележите дека и понатаму чекате вашиот партнер да се промени, наместо да го прифатите. Дури и паровите кои се во среќни врски, секојдневно работат на својот однос, а вие не. Ако веќе не сте подготвени заедно да се трудите, време е секој да тргне по својот пат.

Овие знаци покажуваат дека врската преминала во однос кој нема перспектива:

Посесивност
Еден од првите знаци на нездрава емотивна врска е посесивноста. Ако вашиот партнер во секој миг сака да знае каде сте и со кого и има потреба да го контролира вашиот живот, време е да излезете од таа врска.

Константни кавги
Делува како партнерот само да чека прилика за кавга. Ова е еден од првите сигнали кој укажува дека партнерот не ужива во врската и време е да ја завршите.

Постојано ве обвинува
Постојано се обидува да ви покаже како сте причина за тоа што не сте среќни како порано, но ако почнете разговор за неговите постапки- секогаш ја менува темата и одбива да ја прифати вината.

Не се согласува на компромис
За врската да биде успешна потребно е двете страни да прават компромиси. Меѓутоа, ако вашиот партнер не е подготвен за компромис, тогаш врската нема иднина. Не можете сами да се борите за врската, да бидете подготвени на промени и прилагодување, а вашиот партнер да не е покрај вас.

Го буди најлошото во вас
Кога сте заедно сте многу нервозни. Не сте истата личност во негово присуство. Еден од основните знаци дека врската е подготвена за крај е кога чувствувате дека се губите себе си.

Прегледи:
646
Објавено на:
10.07.2019