Музиката отсекогаш ги збогатувала нашите животи, а како што тврди музичарот Џејсон Луис, особено е корисно ако ја слушаме наутро и се разбудиме со изохрони тонови.
Имено, тоа се рамномерно распоредени тонови кои брзо се вклучуваат и исклучуваат и во овој случај ни помагаат да се разбудиме побрзо, без кофеин.
Откако ќе се разбудите, вклучете го ова видео и уживајте во музиката и прекрасниот поглед на Доломитите во североисточна Италија. Не мора да користите слушалки. Можете да го слушате и додека се подготвувате за работа, вежбање или со која било друга утринска рутина – ќе ви помогне да ја подигнете енергијата за да можете посреќно да влезете во новиот ден.