Категории

Како го припремате и пиете чајот? – Можеби правите некои грешки

Кога е во прашање зимата, напиток број еден секако е – чајот. Иако чаевите не се пијат само во текот на зимата или кога сме настинати, здравствената ситуација во земјата налага да размислуваме за нив многу повеќе кога е во прашање здравјето.

Чајот е напиток кој многу луѓе го обожаваат и е еден од најпопуларните пијалаци на светот. Во многу земји чајот е дневен ритуал но и знак за друштвен статус и луксуз.

Бидејќи живееме на поднебје каде многумина сакаат да пијат чај, но и каде е вкоренета културата на испивање чај, можно е поголем дел од нас да го припрема и пие на погрешен начин.

Не треба секогаш да користите врела вода
Кога го преливате чајот, не треба да го преливате со врела вода затоа што ќе ги изгорите ливчињата. Меѓутоа, кога правите инфузија со додатоци, тошга е потребно да прелиете со вода со цел да извлечете максимум од вкусот. Белиот чај го преливате со вода која има околу 65 степени, зелениот чај со вода која има околу 80 степени, а црниот чај со вода која има 90 степени.

Отстранете го поклопчето од чајникот или шолјата за чајот да дише
Иако секој чајник има поклопче, не треба да го држите кога штотуку сте го зготвиле чајот. Исто така, во кафичите често добивате шолја за чај која е поклопена. Обавезно отстранете го поклопчето затоа што на вашиот чај му е потребен воздух.

Прво ставете млеко па потоа чај
Доколку правите чај во чајник, прво ставете млеко, па потоа додадете чај. Кога чајот ќе го ставите после тој го загрева млекото на иста температура која ја има и тој. Сите протеини од млекото убаво се разбиваат а вие ќе добиете феноменален вкус. Доколку млекото го додадете отпосле, вие со тоа го ладите чајот и губите на вкус. Млекото никогаш немојте да го користите со бел, зелен и жолт чај.

Не притискајте ја кесичката чај за шолјата
Доколку ја притискате кесичката со надеж дека ќе добиете повеќе чај, се што ќе добиете е горчлив вкус. Доволно е само да ја подигнете, така горчлината нема да заврши во вашиот чај. Доколку кесичката ја оставите предолго во шолјата, ќе ги уништите сите природни состојки и се лековите што има чајот.

Користете свежа вода
Кога користите свежа вода, ќе имате свеж вкус. Свежата вода содржи многу кислород кој го подобрува вкусот на чајот.

Прегледи:
674
Објавено на:
29.11.2020