Категории

Како изгледа санта мраз кога ќе се преврти? Документиран неверојатно редок момент

Експецицијата на Антартика за дизајнерот и режисер Alex Cornell беше исполнета со редок момент од масивна санта лед која штотуки се превртела, откривајќи го своето несекојдневно живописно сино дно. 

Впечатливата, речиси, полирана површина со неверојатните нијанси на сина, од аква до темно сина, и дава галактички изглед и не личи како ништо што може да се види на Земјата.

Ледените санти се вообичаено бели, заради воздушните меурчиња кои се заробени внатре, а чистата сина боја на оваа санта покажува дека речиси и да нема никаков воздух најверојатно како резултат на притисокот од акумулација на снег што го истиснува целиот воздух.

Најчесто гледаме само 10% вкупната маса на сантите, поголемиот дел е скриен под површината на океанот, но со текот на времето настануваат промени. Д-р Лејзер кој е морски глациолог во Центарот за соработка за климатските и екосистемите на Антарктикот во Тасманија појаснува:

„Делот на сантата мраз кој е под вода постојано се топи, па кога ќе се наруши балансот, во одреден момент кој не може никој да го предвиди, сантата мраз се превртува.“

Тие моменти се невистина ретки, а глетката е неверојатна. Овие превртувања можат да предизвикаат услови налик на цунами, но  Alex Cornell имал голема среќа што бил сведок на ваков момент.