Категории

Како ќе знаеш кога љубовта е вистинска?

Секој има различна перцепција за љубовта, но онаа вистинската е поинаква.. 

Животот е премногу краток за да се заљубиш во луѓе кои не ги возвраќаат твоите чувства, кои не те сакаат на истиот жесток начин на кој ти ги сакаш нив, да бидеш во врска со некој кој не ја разгорува твојата душа.

Нашето време на Земјата е ограничено и мораме да ги искористиме тие години најдобро што умееме, да сакаме безусловно и да му се препуштиме на љубовта да не води.

Личноста која е наменета за тебе ќе те предизвика, ќе ги сруши твоите препреки и ќе те натера да го вкусиш својот страв. Ќе те направи среќен и збунет во исто време, љубовта е комплицирана, ќе те заплашува и воодушевува во исто време.

Ќе направи да чувствуваш како да си нешто поголемо од свемирот, како да си семоќен и неуништлив. Ќе поверуваш во чуда, ќе биде се само не комфорт, и нешто просечно.

Прегледи:
796
Објавено на:
03.07.2020