Категории

Како мал преживеал масакр, а денеска е најдобар на светот – Погодете кој е ова! (фото)

Животната приказна на овој спортист е полн со неверојатни детали, но и покрај сето тоа што му се случило во животот, имаше само една цел.

Неговата цел, бидејќи почна да игра тенис беше да биде на првото место на ранг-листата!

Ви го претпоставуваме Енди Мареј!

Во моментов, Мареј е прв тениски светски рекет на АТП листата.

Стигна до првата позиција на 7 ноември 2016 година кога го помина Новак Ѓоковиќ кој остана таму од 7 јули 2014 година.

Мареј стана вториот најстар играч кој го презеде кормилото на АТП ранг-листа и 26-ти во историјата на рангирањето.

Првото место на крајот на 2016 година го обезбеди со победа над Новак Ѓоковиќ во финалето на шампионатот во Лондон.

На последниот турнир во Доха беше поразен во финалето од Новак Ѓоковиќ, но сепак ја задржа првата позиција.

Она за што Енди Мареј никогаш не збори е неговото детство.

Мареј има проблем со чашката на коленото и до ден денешен му остана вистински проблем.

Тој бил присутен за време на ,,Dunblane,, масакрот во 1996 година, во училиште, кога Томас Хамилтон уби седумнаесет лица од кои шеснаесет беа деца, а еден беше наставник.

Мареј се криеше под маса во училница со една година постариот брат Џејми.

Сите детали од тоа ужасно злосторство ги напиша во својата автобиографија, а во јавноста никогаш не зборел за тоа.

Прегледи:
418
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
12.01.2017