Категории

Како може да се разболите од коронавирусот поради ноктите

За време на пандемијата, зборуваме многу за рацете и нивно миење, но исто така треба да обрнете внимание и на ноктите. Особено на нивната должина!

Долгите нокти во никој случај не се препорачливи во време кога се бориме против коронавирусот од многу едноставна причина – потребно е многу подолго време за навистина темелно да се исчистат. Многумина не се свесни дека кај долгите нокти не треба само да се мијат рацете, туку и долната страна на ноктите, каде што бактериите најчесто се кријат, исто така треба темелно да се исчисти. Темелното миење на рацете од 20 секунди може да го спречи вирусот, ако вашите нокти се пократки, но тоа не важи и за оние кои имаат долги нокти.

Ако имате долги нокти, започнете редовно да ја чистите долната страна на ноктите (секогаш носете четкичка за нокти со себе и дајте им дополнителни 20 секундина долната страна на ноктите). Во спротивно, најбезбедно е да ги скратите ноктите (барем за времетраењето на пандемијата) и да ја одржувате должината, редовно да ги миете рацете и да не го допирате лицето.

Прегледи:
555
Објавено на:
30.03.2020