Топлината во куќата може да биде неподнослива и да влијае на вашиот сон, но еден трик може да ви помогне да останете внатре попријатно.
Бидејќи температурите продолжуваат да растат, а за следната недела се предвидува нов топлотен бран во Македонија, од среда па натаму, постои трик кој може да ви помогне да ја разладите куќата без да ве чини ништо.
Додека високите температури се пожелни доколку сте на море или езеро, топлината во куќите може да биде неподнослива и да влијае на вашиот сон.
Сепак, постојат начини да ги разладите вашите домови, а еден од нив е потполно бесплатен.
Имено, експертот за перење алишта Крис Доналд вели дека се што треба да направите е да ги натопите крпите во ладна вода, а потоа да ги поставите на стратешки локации околу вашата куќа. Ова ќе помогне да се излади воздухот и да се направи поудобно да се остане внатре.
Работникот си играл со средството за дезинфекција и го запалил магацинот за мебел: Требало да ѕвони на телефонот
Тој посочува дека најлесниот начин за да успее овој трик е да закачите ладни, влажни крпи на влезните места низ куќата, како што се прозорците и вратите.
– Методот овозможува заробената вода да испари од површината на пешкирот и да го излади воздухот што тече околу вашата куќа. Бидејќи овој трик може да се направи од постоечките предмети за домаќинството, тој е евтина и корисна алтернатива за домови кои немаат пристап до клима уред, рече тој.
Она што е исто така важно е да користите чисти крпи, за валканите да не шират непријатна миризба во вашиот дом.