Категории

Како настанал билјардот?

Билјардот е добро позната игра и претставува забава за сите генерации. Таа игра е толку стара што никој не знае кога настанала.

Според некои извори, билјардот се играл во древниот Египет. Грците за оваа игра знаеле уште во 400 година п.н.е. Во II век ирскиот крал Кеткир Мор зад себе оставил 55 бронзени билјардски топчиња, такови и маса со вдлабнатини за топчињата. Во V век свети Августин го споменува билјардот во својата книга „Исповеди“. Многу познати писатели од XVI и XVII век го споменувале билјардот. На пример, во Шекспировиот „Антоние и Клеопатра“, на едно место Клеопатра вели:„Ајде да играме билјард“. Можеби тоа значи дека во Шекспировото време билјардот бил омилена игра?

Шкотската кралица Марија, додека се наоѓала во затвор во 1576 година, покрај другото се жалела дека и ја изнеле билјардската маса. Првото објаснение за билјардот на англиски јазик се наоѓа во книгата што ја издал Чарлс Котон во 1674 година. Според некои слики што ја покажуваат таа игра како се играла во тоа време, постоеле разни видови пречки на местата за играње, како обрачи, колчиња и „тврдини“. Играчот морал да ја протера топката така што да не кутне ниедна од овие пречки. Околку 1800 година билјардот почнал да се игра на начин сличен на денешниот. Во 1807 година во Англија се појавила првата книга во која се опишува билјардската игра, која многу потсетува на билјардот во нашето време.

Прегледи:
560
Објавено на:
12.03.2019