Категории

Како полесно да спиете во топло време

Топлите денови веќе доаѓаат и ги чувствуваме на повеќе начини – во промената на нашата гардероба, во тоа колку често ни треба да се хидрираме и секако – во спиењето! Спиење со топли температури е тешка задача. Подоле имаме некои предлози за тоа како полесно да спиете при топли температури.

Во текот на денот

Пијте многу вода, за да го одржувате телото хидрирано
Проветрувајте ја собата
Чувајте пуштен вентилатор со коцки мраз пред него
Чувајте ја собата со спуштени ролетни, но со отворени прозорци во текот на денот. Така, нема да се има акумулирано многу надворешна топлина преку светлината, а сепак ќе струи воздухот.

Пред спиење

Истуширајте се со млака или ладна вода
Наводнете го лицето, потоа стоете пред вентилатор
Покиснете ги нозете во ладна вода околу 10тина минути, пред да спиете
Ставете спортски стегачи натопени со ладна вода на зглобовите под дланките

Што да одбегнувате

Вежбање непосредно пред да спиете, бидејќи тоа ја наголемува внатрешната температура
Тешки, зачинети јадења
Чоколада или напитоци со кафеин, како и алкохол, кој може да ве дехидрира

Припремање на удобна средина за спиење

Спијте само со лесна постелнина и лесни пижами или ноќници
Отворете прозорец
Ставете термос со ладна вода во близина, за во случај да се разбудите во текот на ноќта и да ви е прежешко, да се разладите со неколку голтки вода.

Прегледи:
449
Објавено на:
14.05.2020