Категории

Како правилно да го негувате лицето после 25-тата година

Добрата секојдневна рутина може да ви помогне да го спречите сгареењето на кожата и да ја одржите млада, витка и убава и покрај што годините полека го оневозможуваат тоа.

1. Козметичка нега
Темел на добрата нега е миењето, чистењето и хидратирањето на кожата. Водете грижа за типот на вашата кожа и користете препарати наменети за неа, притоа гледајте како таа реагира и по потреба додадете или отстранете некој препаратод секојдневната рутина за кој сметате дека и штети на вашата кожа. Многу е важно да правите редовна масажа и пилинзи кои ќе ја подобрат циркулацијата и вашиот тен ќе изгледа блескаво и свежо.

2. Правилна исхрана
Се што конзумирате се одразува на вашето тело а најмногу на вашето лице. Ако често конзумирате кафе, алкохол и цигари, јадите чоколадо и слатки вашата кожа ќе изгледа уморно и многу постаро отколку што би требала да изгледа за вашите години. За почеток полека почнете да внесувате здрави намирници во вашата исхрана, наместо кафе пијте чаеви и шејкови кои ќе ви дадат енергија а притоа ќе ви ги обезбедат потребните нутриенти. Ќе забележите како вашиот организам се менува на подобро а за тоа ќе ви благодари и вашата кожа.

3. Начин на живот
Дали спиете доволно и дали вежбате редовно? Начинот на живот најмногу се одразува врз вашата кожа. Правете го она што ве прави да се чувствувате удобно и самоуверено во вашето тело.

Прегледи:
422
Објавено на:
01.11.2017