Категории

КАКО СЕКСОТ ГО ОБЛИКУВА ЖЕНСКИОТ ГАЗ

„Не, мислам дека тоа не е возможно“, вели Шарлот Вилкен-Џенсен – шефица на акушерско-гинеколошкото одделение во болницата Хвидовр во Данска. „Сексот не ги стимулира долгорочните хормони во телото, така што нема причина да се мисли дека заради сексот ќе ви порасне задникот“.

Според неа, лажното поистоветување на краткорочните хормони со долгорочните ефекти е дел од причината зошто жените често се прашуваат дали постои врска меѓу големината на газот и сексот. Меѓутоа, за сé е виновна и заблудата околу конкретните функции на различните хормони во телото. „Секако, кога имате секс, се ослободува окситоцин, заради што сте возбудени и ви се навлажнува вагината и слично“, објаснува Џенсен, „меѓутоа, окситоцинот не е естроген. Естрогенот е тој кој би можел да го стимулира растот на вашиот задник или промените во градбата на вашето тело, но нема докази дека сексот предизвикува ослободување на доволно естроген за на тој начин да би влијаел на вашето тело“.

Од друга страна, иако многу секс не значи посебно добро извајан задник, може да направи така да се чувствувате – а тоа чувство може да ве убеди и дека вашиот задник поминува низ период на нагло растење. Студиите покажуваат дека зголемената сексуална активност и сексуалното задоволство можат значајно да влијаат на тоа како жената ја доживува големината на својот задник. Една од овие студии, на пример, испитувала 53 неодамна венчани парови, со цел да открие дали зачестеноста на сексот и задоволството влијае на сликата која сопругата ја има за сопственото тело, тежина или физичко здравје. Заклучокот е: „Сексуалната привлечност на сопругите онака како што тие ја доживуваат е во значителна позитивна врска со зачестеноста на сексот“, а нивното „доживување на сопствената телесна големина е во директна корелација со нивното и сексуалното задоволство на нивните партнери“.

Ако веруваме на тие резултати, многу добар секс нема вистински да го измени обликот на вашето тело, ама затоа многу добар секс ќе го промени тоа како вие го доживувате тој облик. Вилкен-Џенсен се сложува со таа констатација. „Кога сте повеќе сексуално активни, тоа станува прашање на ментална слика – правени се и други студии на оваа тема. Вие природно го изразувате говорот на телото поинаку и одредени делови од своето тело ги носите на поинаков начин“, објаснува. „Исто така, не треба голема мудрост за да се знае дека сексот влијае на вашата самодоверба – што, пак, влијае на вашата перцепција за сопственото тело“.

Така, ако меѓу вас има жени што се надеваат дека нивниот фантастичен сексуален живот доаѓа со големи бонуси од типот на совршен крушковиден газ, ќе останат разочарани. Хормоните кои циркулираат во телото за време на сексот дефинитивно нема во тој момент да влијаат на обликот на вашето тело, ама фантастичниот сексуален живот веројатно ќе ве натера да мислите дека газот ви е перфектен.

1 2

Прегледи:
735
Објавено на:
01.06.2016