Категории

Како вашите усни да изгледаат заводливо и полно

Ретки се дамите кои имаат природно полни усни без никаква корекција.

Во прилог ви нудиме неколку корисни трикови како да ги негувате усните и да направите да изгледаат пополни од што навистина се.

# Пилинг…

Сите оние мртви клетки на површината на усните, сите пукнатини и нерамнини ги прават усните да изгледаат суво и не се погодни за шминка. Кога ќе забележите дека усните ви испукале, користете четка за заби за да направите пилинг и да ги отстраните сите суви и несакани мртви клетки.

Усните потоа ќе ви изгледаат хидрирано и здраво со природна розе боја бидејќи ќе ја поттикнете циркулацијата на крвта.

# Користете моливче во боја на кожа…

Тоа е уште еден од триковите на професионалните шминкери. Прво исцртајте ги рабовите на усните, а потоа пополнете ја целата површина со ова nude моливче за да создадете платно за “сликање“.  Така карминот ќе трае подолго, а бојата ќе биде поинтензивна.

# Производи со ментол…

Користете балзами со ментол. Оваа билка предизвикува ладење и со тоа природно ја поттикнува циркулацијата со што се зголемува и волуменот на усните.

# Контури и сенки…

Контрирајте ги усните со потемен бронзер за да добиете визуелно поголеми усни. Нанесете го бронзерот на работ на долната усна и на средината.

# Немојте да користите премногу темни нијанси на кармини…

Темните кармини визуелно го намалуваат обемот на усните.

Прегледи:
677
Објавено на:
03.01.2016