Категории

Како влијаат топлите денови на вашето расположение?

Сонцето има големо влијание врз расположението на луѓето, а тоа не е никаква коинциденција.

Истражувањата покажуваат дека топлото време може да има позитивно, а понекогаш и негативно влијание врз перцепцијата на секојдневието. Издвојуваме неколку примери за тоа како летото влијае врз расположението:

Поминување на одредено време на отворено кога е сончево може да резултира со акумулирање на многу позитивна енергија…

Одредени студии покажуваат дека луѓето кои поминуваат барем триесетина минути надвор кога времето е сончево – патувајќи до некоја сончева дестинација во текот на зимата или пак, користејки некој убав пролетен ден за прошетка во парк – имаат подобро расположение и се ослободуваат од секојдневниот стрес на тој начин.

Но, не го очекувајте истиот ефект и во текот на најжешките денови во август…

И покрај фактот што летото со себе носи топли денови и посветли бои, ризикот за дехидрација и топлотни удари се зголемува, а тоа води кон негативна промена на расположението или во најлош случај може да доведе до оштетувања на мозокот.

Најголем број од луѓето се посреќни кога денот трае подолго…

Повеќе светлина = поголема среќа

Луѓето едноставно се чувствуваат подобро кога денот е подолг, а времето е сончево. Промената во годишните времиња има посебно влијание кај метеопатите, како и времетраењето на денот, така што тие неколку екстра часови прават голема разлика во расположението.

Но, некои луѓе се склони кон депресија во текот на летните денови…

Иако депресијата е многу почеста појава во зимските денови, сепак има луѓе кои се депресивни во текот на летото. Експертите тврдат дека спарното и топло време предизвикува истоштеност од високите температури и иако многу поретко, може да предизвика депресија.

За време на топлите денови се зголемува и креативноста…

Причина плус зошто го сакаме сонцето и топлото време е зголемената креативност. Постојат истражувања кои покажуваат дека пријатните климатски услови ја подобруваат меморијата што води кон зголемена креативност. Поминување време на отворено во сончевите денови, овозможува ресетирање на мислите, перцепцијата и идеите. Затоа, излезете надвор и искористете го максимално долгото топло лето.

 

Прегледи:
400
Објавено на:
23.06.2017