Веројатно веќе знаете дека пиењето алкохол додава калории на вашиот план на исхрана, но на некои пијалаци вреди да потрошите повеќе калории отколку на други. Погледнете кои алкохоли содржат пристоен размер на калории наспроти оние кои треба да ги одбегнувате за да не ја загрозите вашата линија.
Без разлика дали сте љубител на пиво или пак повеќе сакате коктели, видеото на Јутјуб каналот Picture Fit ќе ви ги разјасни дилемите. Темните пива имаат поголем процент на алкохол, но исто така и многу повеќе калории. Светлите пива, од друга страна, имаат многу мал процент на алкохол, но и помалку калории, а вообичаено чинат исто. Држете се понастрана од сајдерите, бидејќи тие имаат исто калории колку и темните пива, а вообичаено помалку алкохол од светлите пива. Сè на сè, ако сакате пиво, светлите и лагер пивата вредат повеќе за вашите пари. Можеби ќе треба да испиете повеќе за го достигнете нивото на алкохол на темните пива, но долгорочно ќе внесете повеќе алкохол одколку калории.
Ако пак сте фан на коктели, одберете коктели кои имаат помалку состојки, кои немаат многу шеќер, наместо газирани сокови одберете минерална вода, и одберете ги оние кои содржат лимета како главна состојка за вкус. И не заборавајте, најдоброто за вашите пари (а и калории) вообичаено е чистиот бел алкохол, кој вообичаено содржи многу помалку калории од жолтиот.