Категории

Каква амајлија треба да носи секој хороскопски знак за да привлече пари?

 

ВАГА

Розевкаст турмалин и александрит ви даваат енергија и потребен шарм, енергетски ве исполнуваат. Во моменталниот период секој накит со зеленкасти и розевкасти тонови ја зголемуваат вашата харизматичност. Ако одите на работен состанок ставете на себе прстен од црвен спинал или бакарна нараквица, а за вечерни излегувања привезок со тиркиз или жад. Може и имитација.

ШКОРПИЈА

Црн бисер, дури и со цркна чипкана тоалета, сјајно ви стои. Изгледате неодоливо со накит од платина, хематит или прстен од рубин. Во моментов планетите ви „наговестуваат“ дека треба да бидете нешто понежни во изборот на накит, и дека добро би дошла огрлица од сребро со прстен од аквамарин. Мажите би се осмелиле да ви пријдат.

СТРЕЛЕЦ

Смарагд и сафир-ваше омилено драгоцено камење, во овој период може слободно да биде заменето со накит од слонова коска. Соврешено би ви одговарала и имитацијата на овој накит, како и прстен од цитрин, посебно за работни разговори, и би ви донела среќа по прашање на парите. За љубовни средби (ако ги имате) задолжително понесете прстен со брилијати.

ЈАРЕЦ

Сакате тиркиз, гранат, оникс, но за заведување користите малахит или жад, било кој детал или имитација на овој камен, во секој случај, во зелена боја. Таа помага и кај контакт со странци. За љубовни состаноци слободно користете црвен турмалин или вештачки бисер, ќе изгледате „питомо“ со тоа. За долги работни состаноци искористете парчиња со било кој вид на полудрагоцен камен со виолетова боја.

ВОДОЛИЈА

Ваш омилен накит се гломазни наракви, може и од тигрово око, полудрагоцен камен и избирате обично тиркиз. Слободно носете го, дури и имитација, и тоа во вид на привезок, по можност во форма на скарабеј. Ориентални огрлици во вид на сребрен привезок ќе ви го подигне моралот и доброто расположение. За вечери, слободно избирајте корали.

РИБИ

Вашата нежна природа обично сака аквамарин, бисер и аметист, и можете слободно да го носите тој накит со доста сребрени ланчиња и нараквици. Воглавно би требало да се ориентирате на орглици со акцент на зелени тонови, како што е зелен или виолетов турмалин. Посебно обратете внимание на обувки со штрас или украс во подигната коса во темновиолетова боја.

1 2

Прегледи:
2119
Објавено на:
08.01.2017