Категории

Каква порака испрати Војвотката Кејт со нејзиното вчерашно појавување на BAFTA наградите?

Војвотката на вчерашното доделување на BAFTA наградите во Royal Albert Hall  во Лондон се појави во темно зелена тоалета на Jenny Packham.

После повикот на Time’s Up повеќето дами се појавија на црвениот килим во црни тоалети, а тоа се очекуваше и од војвотката.

Кејт која го очекува третото дете, се појави во темно зелена тоалета, но со црни елементи, како лента, чевли и ташна. Со овој потег таа не испрати официјална подршка на движењето Time’s Up кое се одржува прв пат на територијата на Британија.

Таа беше искритикувана што не заземала став во однос на сескуалното вознемирување на жените, коментарите одат во насока на тоа дека не е искажување на политички став, туку едноставно е солидарност на жените.

Но, интернетот е поделен. Некои сметаат дека нејзин е изборот и дека не треба да биде подложна на критика, бидејќи е тоа лицемерно кога доаѓа од оние кои навидум ги подржуваат жените.

Други пак велат дека постапила правилно што одбрала темен фустан, со црни детали, не правејќи јасен став, но дава очигледна подршка.