Кога е во прашање изгледот на социјалните мрежи, профилната фотографија има клучна работа. Затоа внимателно одбраната фотографија може да ги зголеми и шансите за пронаоѓање на љубов, но и обратно, иако ова звучи плитко.
Облека
Формална облека на профилна фотографија има многу повеќе шанси пред бикини или разголени комбинации за ноќно излегување и покрај врежаното мислење дека голотијата подобро поминува.
Израз на лицето
Насмевката е важна и е заразна, додека бакнежи, напрчени усни или испружен јазик е одлична формула за одбивање.
Локација
Профилните фотографии направени во ресторан се попривлечни. Од друга страна, автомобилите спаѓаат помеѓу најлошите места за правење на профилни фотографии.
Број на личности на фотографијата
Една личност. Вие. За мажите е помалку веројатно дека ќе се задржат на фотографија на жена која е опкружена со повеќе пријатели.
Фокус
Вашето цело тело. Доколку сакате поголем успех, заборавете на селфи каде се гледа само вашата глава.