Категории

Калинка – Зошто ова овошје треба да се конзумира во што поголеми количини

Во време на општа здравствена грижа, секоја помош од природата е добредојдена. Една од често занемарените овошја е калинка.Познато е дека калинката е богата со антиоксиданти и затоа совршено се бори против бактериите и воспаленијата.

1. Заштитува од вируси, грип и настинка
Сокот, семињата, па дури и кората од калинка совршено го штитат организмот од патогени микроорганизми. Сокот ја штити усната шуплина од бактерии. Содржи витамин Ц, затоа успешно се бори против грипот, но и го зајакнува организмот.

2. Може да го намали крвниот притисок
Откриено е дека антиоксидантните својства на калинката успешно го намалуваат високиот крвен притисок. Студијата покажа дека оние кои страдаат од висок крвен притисок, треба да консумираат најмалку 240 ml сок од калинка на ден, со цел да се видат резултатите. Исто така, тие мора да пијат 100 процентен природен сок од калинка без додавање шеќер. Друг начин калинка го намалува крвниот притисок е преку калиум. Имено, 100 грама калинка содржи 236 милиграми калиум, нешто што помага во одржување на здравјето на нашите коски и функцијата на нашето срце.

3. Ги намалува стомачните проблеми
Луѓето кои се борат со Кронова болест се добро свесни за стомачните проблеми, кои меѓу другото резултираат со намален апетит и губење на тежината. Причината за ова е акумулација на бактерии во внатрешноста на желудникот што доведува до сериозно воспаление. Едно решение што многу студии го докажаа е консумирање калинки. Екстрактот од овошје има заштитна улога и ја намалува болката.

4. Помага при дијабетес
Откриено е дека високото ниво на шеќер поврзано со дијабетес може да се контролира со едноставно консумирање калинка на дневна основа. Ова овошје може да го намали оксидативниот стрес, кој е главната причина за дијабетес. Исто така, го намалува лошиот холестерол, помагајќи да се задржи нивото на шеќер во крвта релативно ниско.

5. Го подобрува здравјето на коските и ја намалува болката од артритисот
Студија од 2011 година откри дека маслото од семе од калинка може да ја ублажи болката во зглобовите. Исто така, научниците пронајдоа значителни докази кои покажуваат како овошните антиоксиданти можат успешно да се борат против артритисот. Не само тоа, туку секој може да го користи за да ја зголеми јачината и функцијата на коските. Ова дополнително се докажа во студија од 2016 година, каде учесниците добивале 200 мл сок од калинка дневно. 6 недели подоцна, испитаниците забележале дека им се намалува вкочанетоста на коските и се зголемува нивната физичка функција.

Прегледи:
737
Објавено на:
31.01.2021