Категории

Кара Делевин, Лили Роуз Деп и Фарел Вилијамс во шоуто на Chanel во Париз

Карл Лагерфилд приреди уште едно маестрално шоу во кое честа да ги претстават најновите креации ја добија неговите најголеми музи Кара Делевин, Лили Роуз Деп и Фарел Вилијамс.

Откако пред неколку години познатиот модел Кара Делевин изјави дека се повлекува од светот на модата очигледно таа не можеше да ја одбие поканата да учествува во претставувањето на најновата колекција на легендарната модна куќа Chanel, а тврди и фактот што таа е една од најблиските пријателки на дизајнерот кој го смета за своја најголема поддршка и инспирација.

Музичарот Фарел Вилијамс повторно ја доби честа да соработува со модниот бренд откако пред две години заедно со Кара снимија реклама насловена како “Reincarnation”.
Додека младата ќерка на актерот Џони Деп – Лили Роуз Деп веќе неколку години со ред една од миленичките на дизајанерот, таа зад себе има неколку реклами снимени за брендот а ова е нејзино прво шоу каде таа дебитира како модел.

Шоуто беше одржано во родното место на иконскиот бренд – Франција, луксузниот хотел Ritz во Париз а колекцијата насловена како Chanel’s Metiers d’Art е инспирирана од парискиот револуционерен стил помеѓу безвременската класика олицетворена преку денешните модни трендови..


Прегледи:
437
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
07.12.2016