Категории

Карминот за усни може да се искористи во различни прилики: Погледнете како!

Карминот за усни е еден од најомилените козметички производи на секоја жена. Карминот за усни покрај неговата примарна улога, има многу корисни и интересни примени.

Нов сјај за усни
Ви се допаѓа нијансата на вашиот мат кармин и сакате сјај токму во таа боја. Нема потреба да го купувате, едноставно кога ќе го нанесете карминот, преку него ставете малку вазелин или кокосово масло и омилената боја ќе сјае на вашите усни.

Покривање на тетоважа
Ако од одредена причина сакате да ја покриете тетоважата- карминот може да ви помогне. Земете црвен кармин и нанесете на тетоважата. Потоа, нанесете течен коректор кој има добра покривна моќ, па на крајот нанесете пудра.

Контурирање на лицето
За контурирање на лицето потребни ви се беж и браон нијанси на кармин. Ова е најкреамстиот сет за контури.

Како пенкало
Речиси на сите ни се има случено да мора нешто да запишеме во нотес, но да не можеме да најдеме пенкало. Карминот за усни може да помогне.

За љубовни пораки
Вашите сакани сигурно ќе се израдуваат кога ќе се разбудат ако на огледалото видат порака напишана со кармин.

Како огледалце
При излегување на жените често им треба огледало за да проверат дали е се во ред со нивната шминка. Сепак, во малата ташна нема доволно место за се. Карминот со вградено стакленце е совршено решение за тој проблем.