Категории

Кендал Џенер прогласена за модна икона на деценијата

Манекенката и ријалити ѕвезда веќе некое време се наоѓа на модниот трон. Досега чекорела на бројни ревии на познатите дизајнерски куќи, ги красела насловниците на најпрестижните модни списанија како и се појавила како заштитно лице на бројни светски брендови.

 

The Daily Front Row во почетокот на септември оваа година ќе ја одржи својојата јубилејна манифестација Fashion Media Awards Show а со наградата ‘Модна Икона На Деценијата’ ќе се закити токму Кендал Џенер.

Оваа вест покрена бројни критики со оглед на тоа што пред точно десет години Кендал била на 11-годишна возраст па модните критичари го оспоруваат фактот дека дете на таа возраст би можела да има било каква перцепција за мода.

“Факт е дека 21-годишната Џенер остави трага на стилска икона но таа титула која и е доделена е нереална и не заслужена”, додаваат тие.

Прегледи:
423
Објавено на:
31.08.2017