Пред околу три месеци, Ким по втор пат стана мајка. Таа и Канје го добија второто дете, синот Сеинт Вест на 5ти декември, а денес решила да ја сподели првата фотографија од својот син, бидејќи е роденденот на нејзиниот покоен татко.
Таа вели “Денес е роденденот на мојот татко. Знам дека нема нешто што би посакал повеќе на светов од тоа да си ги запознаеше внуците. Сакав да ја споделам оваа фотографија од Сеинт со вас.“
Ова всушност не е првата фотографија која Ким ја објавува, прв пат објави фотографија од рачето на Сеинт како го држи прстот на неговата поголема сестра Норт со обаснувањето „Таа вели дека тој и е најдобар другар.“