Категории

Ким Кардашијан ги плаќа папараците да ги фотошопираат нејзините слики пред да се појават во јавност

Ако постои едно нешто по кое е позната Ким Кардашијан – тоа се нејзините слики.

Ѕвездата од ријалити шоуто Keeping Up With The Kardashians, во секое време од денот изледа спремна како да е спремна за фотосесија. Таа го изгради својот бренд врз основа на нејзините фотографии и видеа кои ги споделува на социјалните мрежи, и според тоа може да се каже дека таа ја има усовршено техниката на позирање и сликање.

Кардшијан/Џенер кланот не се баш странци на фотошопингот, а тоа веќе не е ни тајна. Но едно нешто на кое никој не беше спремен е дека познатата ѕвезда ги плаќа дури и папараците кои ги фотографираат ѕвездите во секакви прилики дури и кога тие не се свесни за тоа, да ги едитираат нејзините фотографии пред тие да протечат во јавност. Фановите тоа го забележаа на бројни фотографии од магазини каде сметаат дека телото на Ким воопшто не изгледа реално иако се работи за фотографии сликани од секојдневниот живот додека актерката била начекана како ужива во семејно попладне или излегува на прошетка со пријателките.
Тие сметаат дека нејзината опседнатост со совршенството и претставување на одреден имиџ за себе во јавност ги преминува сите граници.

Неодамна фановите го покренаа прашањето зошто Ким кога се слика никогаш не се смее на што таа одговори дека сака да изгледа како „high fashion“ на своите фотографии. Други пак ја споредија со Викторија Бекам која исто така никогаш не се слика насмевната а причината за тоа ја поврза со имиџот кој го поседува во модниот свет.

Прегледи:
573
Објавено на:
13.09.2019