Категории

Кина започна да го гради првиот „Шумски град“ со над 1 милион дрвја и растенија

Паланинската област Liuzhou во јужна Кина ќе биде домот на шумскиот град кој ќе го создаде архитектот Stefano Boeri

Канцеларии, продавници, ресторани и станбени објекти ќе бидат покриени со зеленило во борба против загаденоста. 

Шумскиот град Liuzhou има капацитет за 30.000 луѓе, а ќе биде покриен со 40.000 дрвја и 1 милион растенија. 

Преку 100 видови растенија ќе бидат инкорпорирани во зеленилото, што може да претставува абсорпција на 10.000 тони CO2 и 57 тони загадувачи од цела година. 

Градот ќе произведе преку 900 тони кислород годишно, а растенијата ќе бидат природна звучна бариера и за регулирање на температурата.

Се планира градот да се заврши во 2020 година, а ќе биде поврзан со брза железница и брз автопат за електрични автомобили.

Иновативниот концепт на Boeri, покрај флората, ќе биде позитивен и за фауната. Се очекува овој град да биде и место за живеење на животнскиот свет, птици и инсекти.

„Прв пат во Кина и во светот, иновативниот урбан амбиент ќе биде комбинација од предизвикот за енергетска самодоволност и за употреба на обновлива енергија со предизвикот да се зголеми биолошката разновидност. 

Ефективното намалување на загадувањето е многу важно, бидејќи загаденоста е огромен проблем со кој се соочува Кина денес.