Започнаа сончевите денови од годината, а покрај одличното расположение и раздвиженоста во градот која ја носат со себе, пријатните временски услови овозможуваат и полесно движење низ градскиот метеж. Доколку зимата беше прифатлив изговор за користење на автомобилите при извршување на секојдневните обврски, сега е вистинско време за велосипед!
View this post on Instagram
Тоа најдобро го знаат Кликни Јади, најбрзите доставувачи на посакуваната храна до вашиот дом или работно место. Покрај тоа што се грижат секојдневно да консумирате вкусна и квалитетна храна, доставена во најкраток можен рок до вашата дестинација, тие се грижат и за животната средина, па поради тоа вашите нарачки ќе ги добиете од доставувачите на точак секогаш кога тоа ќе го дозволат временските услови.
View this post on Instagram
Кликни Јади е општествено одговорна компанија која знае дека велосипедот е најдоброто превозно средство за справување со сообраќајните гужви во нашиот град, па на овој начин добивате уште побрза достава, а притоа ја заштитувате животната средина од дополнителното загадување предизвикано од автомобилите.
View this post on Instagram
Ова одлично решение за доставата на вашите секојдневни нарачки на Кликни Јади вреди да се поздрави со надеж дека во иднина уште многу други компании и поединци ќе го следат нивниот пример. Избери паметно, избери го поедноставниот и подобриот начин – следи го примерот на Кликни Јади! Нарачајте ја вашата достава на точак во секој период од денот!