Категории

Клучни навики кои го зголемуваат квалитетот на животот и здравјето

Навиките се чудо. Колку некои од нив умеат да бидат лоши, некои можат да бидат и неверојатно добри. Никој од нас не е безгрешен, па сите имаме и лоши навики кои се обидуваме да ги искорениме од нашиот живот, а најелесен начин да се избориме со таквите навики е едноставно да создадеме нови, здрави навики кои ќе го направат нашиот живот подобар.

Одење во кревет во исто време секоја ноќ
Оваа рутина може да допринесе во нашето целокупно здравје многу повеќе отколку што можеме да претпоставиме. Кога организмот се навикнува во одредено време да падне во сон, испраќа и други инструкции на телото од кои следи процесот да се создаде одреден биоритам и целиот организам почнува да работи како часовник.

Будење во одредено време
Кај оваа навика работите стојат исто како и кај претходната.
Плус избегнуваме стресни ситуации наутро поради доцнење ако се успиеме доколку алармот остане наместен во исто време секој ден. За викенд можете малку да се опуштите, и таа навика вашиот организам ќе ја усвои, па со тек на време сам ќе знае кои се деновите за одмор и сон.

Оброци распоредени во исто време секој ден
Покрај бројните обврски и густиот дневен распоред, јасно е дека не е лесно да го поставите точното време за секој оброк. Но обидете се тоа да го направите барем за оној главниот. Доручекот нека биде во приближно време секое утро, а останатите оброци лесно прилагодувајте ги. Кога еднаш ќе влезете во ритамот, вашиот организам сам ќе ви испраќа сигнали во иднина и со тек на време ќе престанете да размислувате за тоа и ќе стане природен процес.

2 литри вода на ден
И врапчињата на гранките знаат колку е важно внесувањето на вода во организмот, па нема многу што да расправаме за тоа. Ако немате навика да пиете вода, ставете во потсетник аларм кој сам ќе ве потсетува кога е време за чаша вода.

15 минути за растегнување наутро
Ова време е издвоено за вашето тело, за растегнување и разбудување – ќе ви донесе неколку бенефиции во вашиот живот, па еднаш кога ќе откриете што значи, ќе сфатите зошто треба да го практикувате.