Категории

Клучните карактеристики на секој од хороскопските знаци кои водат до развод

Доколку сакате да откриете каде можеби грешите, погледнете ги следниве неколку причини поради кои секој од знаците можат да го уништат својот брак…

Овенот е индивидуалист и тешко се приспособува. По некое време, поради лошото прилагодување може да забележи и дека партнерот се променил, па го преовладуваат љубомора и сомнежи. Често се појавува и трета личност. Во неговиот брак фали двострана комуникација и намалување на нервозата.

Бикот на почетокот многу се труди во врската, но кога ќе стапи во брак целосно се опушта. Тој ќе се намести удобно на каучот и ќе го пушти својот омилен филм. Бракот треба да се одржува од ден за ден, па токму поради пасивноста на овој знак може да дојде до негов крај. Тој никако не сфаќа дека е потешко да го одржувате бракот, отколку да влезете во него.

Близнаците се весели, но знаат да бидат и многу површни. Партнерот често не ги разбира, не може да се договори со нив и се сомнева во нивните емоции. Тие мора да научат дека во бракот треба да бидат поодговорни доколку не сакаат тој да пропадне.

Ракот има способност од бракот да направи агонија. Постојаното жалење како нему му е најтешко и како не успеал да ги заврши своите работи поради партнерот, без притоа да ја признае и својата вина во проблемот, често доведува до пукање на бракот.

Лавот често се занесува и целото внимание го насочува кон себе. Тој заборава дека не е сам во центарот на светот и дека треба сè да дели со својот партнер со цел бракот да му успее на долг рок. Токму затоа и самиот предизвикува повторно да остане сам.

Девицата прави сè по план, па тоа некогаш може да доведе до досада и монотонија во бракот. Ако малку не се опушти и продолжи да го напаѓа својот партнер поради безначајни ситници, додека суштински не успева да ги покаже своите вистински емоции, бракот без сомнение ќе пропадне.

Терезијата има добри манири, но тоа не е доволно за бракот да опстане. Со своите сомнежи, променливо расположение, па понекогаш дури и неверството, таа го води својот брак кон сигурен крај.

Скорпијата е знак кој навистина знае да љуби. Таа може дури и да го изневери својот партнер, но тоа не значи и дека престанала да го сака. Иако партнерот не гледа на тоа така. Доколку Скорпијата не ја канализира својата страст на вистинското место, големи се шансите дека ќе биде оставена.

Стрелецот ја сака својата слобода и се однесува како мало дете кое е тешко да се следи. Тој живее бурен живот, па токму тоа може да доведе и до пропаѓање на бракот. Стрелецот зад себе може да остави и дете, а не само сопруг или сопруга, бидејќи едноставно нешто постојано го влече кон слободата.

Јарецот има голем проблем кога станува збор за ослободувања од своите стравови дека неговата кариера ќе пропадне и финансиски ќе биде неуспешен. Токму поради работата тој и го жртвува своето семејство. Опседнатоста со материјалните нешта води кон неизбежен крај на бракот.

Водолијата е знак на слободата, непредвидлив и тежок за следење. Нејзината претерана желба за слободата е она што на крајот ќе доведе до развод.

Рибите се склони на илузија и идеализација. Но, кога ќе најдат соодветен партнер, дел од нив ја откриваат реалноста, додека другите не успеваат да го направат тоа и постојано бараат нешто совршено, нешто што не постои. Тоа создава сомнеж, депресија, несигурност и полека го оддалечува партнерот од нив.

Извор : ubavinaizdravje.mk

Прегледи:
277
Објавено на:
18.04.2017