Категории

Книга на неделата: „Сè уште мислам на тебе“ нов роман на популарната британска авторка Адел Паркс

Уште еден роман на популарната авторка Адел Паркс пристигна кај нас. Сè уште мислам на тебе е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов, страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција.

 

View this post on Instagram

 

Дали искреноста е секогаш најдобра опција⁉ Сè уште мислам на тебе е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов, страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција. Таш и Рич се луди еден по друг.💗 Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските алпи. Рич се среќава со своите стари пријатели од факултет, а таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал. Но, Таш ќе добие повеќе информации отколку што очекуваше, ќе дознае тајни од минатото на Рич… Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато? #АделПаркс ❤ #цитат#Мисла#ВоСветотНаКнигите#bookstore#bookshop #култура #книги#ипкултура#ipkultura#инстаграмџии#инстаграмџики#фотонанеделата#фотонаденот #фото#vscobalkan#flowers #flowergram#vscocam#vscomacedonia #vscoskopje#book#bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

После „Странецот во мојот дом, „Мажи“, „Чевлите на другата жена“ и „Game over“ македонската читателска публика ќе има можност да чита уште една книга од популарната британска писателка Адел Паркс.

Промоцијата на новата книга на Паркс, ќе се одржи во среда, 11.09.2018 година во книжарницата Култура.

Адел Паркс е совремeна англиска писателка, родена во 1969 година во Англија. Дипломирала на Универзитетот Лестер, каде што студирала англиски јазик и книжевност.

Aдел отсекогаш сакала да стане писателка. Од нејзините изданија, три милиони копии се продадени и преведени на 26 различни јазици. За седумнаесет години има објавено седумнаесет романи и нејзиното име се има најдено на сите листи за најпродавани книги.

Има напишано 15 современи романи и два историски, „Резервни невести“ и „Ако одиш“, чие дејствие се одвива за време и по Првата светска војна.

Сите нејзини романи обработуваат проблематични прашања од животот кои се од големо значење за сите нас како што се љубовта и сите нејзини аспекти, семејството и родителството, но и верноста, чесноста и хуморот.

Нејзиниот последен роман го поставува прашањето дали искреноста е секогаш најдобра опција. Приказната е за Таш и Рич, кои се луди еден по друг. Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските алпи. Рич се среќава со своите стари пријатели од факултет, а таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал. Но, Таш ќе добие повеќе информации отколку што очекуваше, ќе дознае тајни од минатото на Рич…
Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато?

Дознајте во новиот роман на Паркс, а само во среда на 12-ти септември, ќе може да ги купите книгите на Адел Паркс по намалени цени, во книжарница и онлајн.

 

View this post on Instagram

 

Среќна среда посветена на Адел Паркс! 💜 Промоција на нејзината нова книга и намаление на нејзините останати изданија! 💜➡ http://kultura.com.mk/prodavnica/mazhi/ 💜➡ http://kultura.com.mk/prodavnica/se-ushte-mislam-na-tebe/ 💜➡ http://kultura.com.mk/prodavnica/stranetsot-vo-mojot-dom/ #АделПаркс #СреќнаСреда #ВоСветотНаКнигите#култура#книги#ипкултура#ipkultura#инстаграмџии#инстаграмџики#фотонанеделата#фотонаденот#фото#vscobalkan #vscocam#ig_tones#igers#vscomacedonia #vscoskopje#vsco#book#bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Прегледи:
1122
Објавено на:
11.09.2018