Секоја боја на јајцето има свое значење. Бојадисаните јајца се симбол на новиот живот и се неодминлив дел од Велигден и велигденските обичаи. Боите можат да бидат различни – од жолта, сина, виолетова, црвена, тиркизна, зелена и други. Која и да ја изберете нивната цел е иста – да се израдуваат децата и да покажеме како веруваме во новиот живот.
Но, дали знаевте дека секоја боја си има свое значење?
Црна – вечност
Жолта – светло, среќа
Црвена – божествена љубов, надеж
Кафеава – среќа
Бела – чистота, невиност
Портокалова – издржливост и сила
Зелена – раст
Виолетова – надеж и вистина
Сина – здравје
Исто така и знаците на јајцата имаат свое симболично значење:
круг околу јајцето е вечност, точките се солзите од Марија, триаголникот е симбол на светото Тројство.
Како украсни предмети кои станаа дел од велгденската традиција служат пилиња, зајачиња, кокошки, петли како и комбинација од сите при правењето декорации, без разлика дали ќе се решите да ги правите сами или да ги купите.