Категории

Кога чувствуваш дека се распаѓаш, знај дека тоа е почетокот на твоето повторно создавање во нешто уште посилно

Во ред е да се распаднеш. Всушност, неопходно е да се распаднеш. Неопходно е да се распаднеш на подот во бањата, студените плочки да те притиснат на твојата запалена кожа. Неопходно е да се удавиш во солзите, да врескаш толку гласно што ѓаволите во вас ќе започнат да се плашат. Потребно е целосно да се изгубиш – да го изгубиш компасот, да бидеш изгубен во морето, без поглед на брегот, среде бура толку лута, што не знаеш дали ќе излезеш жив. Во ред е да се чувствуваш како за прв пат во животот да немаш план што ќе правиш понатаму. Во ред е да чувствуваш како твојот свет се распаѓа. Неопходно е да ја почувствуваш болката и да ја преживееш тагата од минатото. Повеќе да не се вкочануваш пред вистината. Неопходно е да паднеш во темнината на самиот себеси, да се соочиш со нередот во себе за кој сметаш дека го мразиш. Да замижиш пред сенките, иако тие те следат каде и да одиш.

Дозволи си да изгориш, душо. Дозволи си да изгорип во пламен, нека те уништи, нека се претвори во пепел се што некогаш си знаел. Дозволи си да го почувствуваш сето тоа. Ти не умираш, туку се раѓаш. Повторно, повторно се раѓаш. Уништувањето раѓа создавање. И кога ќе бидеш подготвен, ќе станеш од таа пепел, повторно, оживеан, огнот во твоето срце ќе им даде ветер на твоите крилја и повторно ќе полеташ. Неопходно е да се распаднеш. Знај дека ќе успееш, ќе ги собереш парчињата и ќе создадеш нова слика, нова приказна, една поживописна од претходната. Верувај во твојата трансформација. И постојано распаѓање.

Прегледи:
468
Објавено на:
25.08.2021