Категории

Кога ќе се спојат алкохолот и мобилниот телефон…

Што би рекле Американците „been there, done that“. Кога ќе се спојат алкохолот и мобилниот телефон, а срцето ќе заигра по старата љубов следи праќањето пораки во пијана состојба.

Тогаш имаме сила да кажеме сè што не сме кажале во трезна состојба, да ја голтнеме гордоста, па дури и да истресеме некоја глупост.

poraka11

Ова е се 11-те фази на праќање пораки до бившиот што сите сме ги поминале. Некогаш сме се покајале, а друг пат сме ја обновиле врската.

1. Ти и чашката- додека да трепнеш сè ти е лабаво и најлудата идеја станува добра идеја

2. Осаменоста доаѓа по тебе – одеднаш сфаќаш дека седиш и пиеш, а тој некој не е покрај тебе. Враќаш филм на старите добри денови и се каеш.

3. Чувството те обзема – наместо да седиш и да уживаш се повеќе се задлабочуваш во осаменоста

4. Пријателски совет – почнуваш да ги прашуваш тие што се околу тебе дали треба да му пишеш. Одговорот не е важен, ама ти да си прашаш

5. Што може да се случи? – полека, но сигурно идејата да му се јавиш или да му пишеш станува сè подобра и порелна

6. Одлучувачки момент –готово пиша!

7. Зошто нема одговор? – ја видел? Не ја видел? Ме игнорира???

8. Ај пак! – најверојатно не ја видел…Чекај ќе пратам уште една!

9. Пишааа!!! –момент на еуфорично славење. Ми пиша! Ми пиша! Чекај што ми пиша?!

10. Фаза на допишување – фаза во која може хистерично да се смееш, да плачеш, да се јавиш и да го колнеш, или да се договориш да се видите. Сè зависи од тоа во која насока ќе тргне разговорот

11. Денот потоа- будење со телефон полн пораки! Кога, што, како?? Леле што сум направила! Си ветуваш дека ти е последен пат! До следниот пат…

Прегледи:
495
Објавено на:
13.06.2016