Категории

Кога ќе запознаеш некого, постави му три прашања..

„Мојата мајка еднаш ми рече, кога ќе запознаам некој морам да му поставам три прашања:
1.Од што се плашиш?
2.Дали сакаш кучиња?
3.Што правиш кога врни?
А оти тие три, првото е најважно.

„Секој мора да се плаши од нешто, мила. Секој се плаши. Ако не се плашат од ништо, значи дека не веруваат во ништо.“
Те запознав во недела, пред црквата. Еден поглед беше доволен за да почувствувам како срцето му чука во стомакот.
На нашиот втор состанок го прашав од што се плаши.
„Од пајаци, најчесто.. Да бидам сам, мали деца, од оние кои ги туркаат другите деца на игралиштето, а да и од свемирот.“
Го прашав дали сака кучиња, ми рече дека има три.

Го прашав и што прави кога врне. „Спијам најчесто, понекогаш седам покрај прозорецот и ги гледам капките како се тркалаат, правам скривалиште од пластика позади дворот за сите скитници животни и им оставам храна за да имаат каде да се засолнат.“
Се насмевна како да знаеше, како и неговата мајка да му го кажала истото.
„А ти?“ – ме праша.
„Јас?
Јас се плашам од се.
Од црната дупка во озонот, од жената која живее од спротива и никогаш не му се смее на своето куче, од тајните заговори кои ги кријат од нас.
Толку многу сакам кучиња што не можеш нити да замислиш. Сакам да го земам секое куче кое лута и да го згрижам дома.
Сакам да се разбудам во твоја прегратка, да го бакнувам твојот врат, да ти подготвувам утринско кафе, и никогаш повеќе да не ги поставам овие прашања на никој друг.“

-К.С.

Прегледи:
755
Објавено на:
08.10.2020