Категории

Кога жените најмногу се дебелеат?

Со текот на годините телото постојано се менува, а тоа што припадничките на понежниот пол најмногу ги загриижува се килограмите.

Најновото истражување објаснува кога жените најмногу се дебелеат. Имено, периодот во кој жените најчесто ја зголемуваат телесната тежина и со самото тоа се и најнезадоволни од својот изглед е во 38-та година од животот.

Периодот меѓу 35-40 години е најкритичен за телесната тежина на жените, најчесто поради хормоналните промени кои настануваат во организмот, но често и поради начинот на живот.

35 отсто од жените потврдиле дека откако станале мајки јадат речиси двојно повеќе или почесто.

33 отсто од жените велат дека се здебелиле после свадбата, односно во долготрајната врска.

22 отсто од жените гледаат причина за дебелеење во прекинувањето на врската или по разводот.

Но добрата вест е дека бројот 40 (40 години) претставува уште една пресвртница после која линијата на задоволство од изгледот почнува да расте.

Оваа бројка, според истражувањето, за многу жени претставува некој вид на „будење“. Тогаш почнуваат да размислуваат за своите години, за својот живот и начинот на живот, што неретко ги поттикнува на позитивни промени. Во овој период жените се подготвени да ги отфрлат пороците и лошиот начин на живот, вклучувајќи ја и лошата исхрана.

За разлика од жените, машката критична граница на дебелеење е меѓу 40-45 година од животот, а во тој период мажите најчесто водат битка со килограмите наталожени на стомакот, како и со опуштеното тело.

Прегледи:
360
Објавено на:
15.09.2016