Категории

Кога зрачите со светлина ги иритирате луѓето кои живеат во темнина

Веројатно сте се запрашале, можеби и повеќе пати сте со соочиле со ситуација кога едноставно блескате од среќа и сакате да го споделите тоа чувство со целиот свет, а како одговор добивате – само поглед попреку и неодобрување. Зошто вашата внатрешна страна толку ги иритира луѓето кои живеат во темнина?

Тоа навистина се случува често. Во нашиот живот постојат луѓе, кои се буквално исполнети со светлина и осветлуваат сѐ околу себе, а оние кои зрачат спротивно ни ја „лепат“ својата токсичност. Просто е неверојатно тоа што овие отровни ламби се појавуваат токму тогаш кога сме среќни и сакаме да го „прегрнеме светот“ – да ја поделиме својата радост со сите.

„Зависта е илјада пати полоша од гладот, бидејќи тоа е духовен глад“, – Мигуел де Унамуно, шпански филозоф.

Светлоста и темнината се делови од човековата природа. Некој во душата има светлина, некој – темнина, односно завист и злоба.

Факт е дека на некои луѓе им е потребно да ви ја одземат вашата светлина, за да се чувствуваат подобро.

Тие се како печурки, кои навидум изгледа дека се јадат, но всушност се опасни по живот. Истото е и со овие лоши луѓе: тие ја придобиваат нашата доверба, се колнат во вечна љубов и пријателство, но во суштина сакаат само едно нешто – да сеат отров. Да не светиме толку силно, иритирајќи ги со својата радост и отвореност.

Кај мрачните луѓе туѓата радост предизвикува нелагодност и агресија. Само немојте да мислите дека проблемот е во вас! Нивната нездрава реакција поврзана е исклучиво со нивните трауми и комплекси.

Вашата светлина треба да свети и да го осветлува овој свет со добрина и радост. А луѓето кои живеат во темнина не треба да се мешаат во него. Оддалечете ги храбро и продолжете да се радувате на животот!

Прегледи:
375
Објавено на:
27.01.2022