Категории

Кои делови од телото се најподложни на сончеви изгореници?

Сонцето и високите температури, иако ни пријаат за добро расположение, сепак силните сончеви зраци се штетни за кожата и недоволната грижа може да ви создаде проблеми.

 

Најголема е веројатноста да изгорите на вашата глава и врат

Главата и вратото како најизложени места од телото се најранливи, таму најчесто се појавува рак на кожата, вели Orit Markowitz доцент по дерматологија Icahn School of Medicine во Mount Sinai „Други најчести области се линијата на косата, усните и ушите – места кои луѓето најчесто забораваат да ги заштитат.“

Луѓето најчесто најмалку ги заштитуваат градите и рамената

„Луѓето најмалку посветуваат вниманиа на градите и рамената“ вели дерматологот  Jennifer A. Stein. Често во летото, особено жените кога носат бикини и маички, заради топлото време се поразголени, а тие делови најчесто се градите и рамената.

Ова е навистина лошто, бидејќи кожата на градите е слична како кожата на лицето и може да биде подложна на многу штета. Збрчканоста на овој дел од телото, во подоцнежните години е главно предизвикано од сонцето. Директната изложеност на сонце, ја истенчува кожата.

Облеката е најдобар начин за заштита од сонце

Постојат повеќе начини за заштита од сонцето, но најефективна е облеката, особено онаа која е специјално наменета за заштита.

Облеката дејствува многу подобро од кремот за заштита, особено на рамената и градите. Обичната облека, на пример памучна маица, ви дава 15 минутна заштита, што значи после 15 минути изложеност на сонце кожата ќе почне да го чуствува сонцето. Најдобро е да се одбере облека која е специјално дизајнирана за заштита од сонцето, за безгрижни летни денови.

Прегледи:
885
Објавено на:
03.07.2017