Категории

Кои две актерки ќе се натпреваруваат за наградата Оскар?

По премиерата на филмскиот фестивал во Торонто, фаворитките за Оскар се повеќе од јасни.

Филмскиот фестивал во Торонто, TIFF, веќе со години ја дава својата „најава“ за тоа кој ќе се бори за нај престижната филмска награда Оскар, идната година.

Кога публиката во Торонто, ќе му приушти овации на некој филм, можете без проблем да се кладите дека тој ќе биде добитникот на наградата на америчката Академија.
Оваа година посебен впечаток оставија неколку филмови, а се чини дека фаворит на публиката беше “Mariage Story”, во кој водечката улога ја има Адам Дривер и Скарлет Јохансон. Иако до сега не била номинирана, Јохансон има зад себе сериозна кариера, а последната соработка со омилениот Инди режисер Ноа Баумбак, може да биде совршен наратив за Оскар.

Од другата страна се наоѓа, досега три пати номинираната, но никогаш не закитекна со престижната награда, Рене Зелвегер со својот последен филм во која ја имаше своето абсолутно најдобра изведба. После шест години пауза, Зелвегер се врати со стил, во долгоисчекуваното биографско остварување за легендарната Џуди Гарланд. Иако не се истакнува со особени вокални способности, нејзината глума во филмот е неспрекорна.
Иако се чини дека филмот е за нијанса послаб што може да ги намали шансите за Оскар во нејзините раце.